Видео кое прикажува злобно смеење на мало девојче стана вистински YouTube хит. Само една недела по објавувањето, видеото има скоро 4 милиони прегледувања.
На снимката може да се види мало девојче кое откако ќе ја турне својата играчка од масата се смее злобно и задоволно од стореното лошо дело. Тешко може да се одглуми толку искрена и интересна реакција.