Детенце измами бројни насмевки, но и предизвика море од критики упатени кон неговите родители, откако одлучи дека може да се „повози“ на фустанот на невеста за време на црковна церемонија.
Во краткиот видеозапис, Тања Малоне чекори кон олтарот, а нејзиниот внук Рајс дотрчува и скока на нејзиниот фустан. Постапката на малото момче ги изненадува гостите, кои веднаш го тргаат од фустанот.