Заразниот ритам на мега хитот „Despacito“ како вирус се пренесува низ телото и ги раздвижува мускулите.
Видео од девојче, кое остава сè и започнува да танцува само што ќе ја чуе популарната песна, го обиколи светот.
Во него, Ниана е прикажана во неколку ситуации, од пазарување во маркет до ручек во ресторан, но без разлика на околностите, таа стапува во акција секојпат кога нејзиниот брат ќе ѝ ја пушти омилената песна.
На крајот од видетото се појавува и нивната најмала сестричка Наталија и започнува да танцува.