Неочекуваните предлози за брак секогаш се интересни, но понекогаш предизвикуваат уште понеочекувани реакции. Кога момчето на 20-годишната Британи Хилард клекна пред неа на едно колено со прстен во рацете, таа во шок заврши на земја.
„Никогаш не ни помислив дека треба да ангажирам некој да стои зад неа да ја задржи“ – се пошегувал изненадениот Камерон во интервју за Today.
За среќа, само 15 минути подоцна, откако таа успеа да се соземе, Камерон доби уште една шанса да ѝ го постави прашањето „Дали ќе се омажиш за мене?“. Одговорот беше „Да“.
Видеото од интересниот предлог за брак стана интернет хит.
„Тоа дефинитивно беше најсреќниот ден во мојот живот. Планираме да го зачуваме видеото за да им го покажуваме на нашите деца, а можеби и на нивните деца“ – изјавила Британи.
Камерон тајно организирал роденденска забава за Британи, на која ги повикал нивните пријатели и блиското семејство со план тогаш да ја побара за жена. Погледнете ја нејзината реакција: