Кучињата знаат искрено да сакаат. Видео, во кое вдомен миленик не може да ја сокрие радоста кога ќе го здогледа сопственикот кој се враќа дома од болница, го обиколи светот.
Марк О’Нил страда од епилепсија, па поради болеста, морал да лежи во болница една недела. Неговото пристигнување дома било снимено од неговата сакана. Возбудата и среќата кои зрачат од кучето кога тој ќе ја отвори вратата нема да ве остават рамнодушни.
Видеото е објавено пред четири дена, а е прегледувано речиси 10 милиони пати на Facebook.
One of our rescue dogs has become an internet sensation after a video of him greeting his owner went viral!Patch the...
Posted by Scottish SPCA on Thursday, January 21, 2016