Забавен пар создаде интересно time-lapse видео за да го документира доаѓањето на свет на својата втора ќеркичка. Марк и Британи направиле 2.000 фотографии за да го создадат видеото, кое истовремено го прикажува и растењето на нивната прва ќерка Зои.
„Сега имаме нешто кое ќе ѝ го покажеме на Грејси за да ја потсетиме колку е скапоцен нејзиниот живот и колку многу мислевме на неа додека таа растеше во стомакот на мајка си“ – вели Марк.
Марк и Британи на сличен начин го овековечија и раѓањето на Зои минатата година.