Реакцијата на Кејден Орантес кога за првпат ќе го слушне гласот на мајка си ќе ви го разубави денот.
Двегодишното детенце го изгубило слухот кратко по раѓањето. За да му овозможат повторно да слуша и да го поттикнат да зборува, докторите му подариле две специјално дизајнирани помагала за слушање. Видеото е направено по вклучувањето на помагалата.
„Преплавена сум од емоции во моментов. Моето бебе е толку среќно и возбудено што конечно може да го слушне сопствениот и мојот глас“ – пишува мајката на Кејден во описот.