Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: 6-годишно дете рони солзи-радосници кога ќе дознае дека мајка му е бремена

ВИДЕО: 6-годишно дете рони солзи-радосници кога ќе дознае дека мајка му е бремена

Џејк Дули имал една голема желба која само неговите родители можеле да му ја исполнат. 6-годишното момче посакувало што побрзо да добие мало братче или сестричка, но не можело да претпостави дека неговата желба за неколку месеци ќе стане реалност.

Во видеото е овековечена реакцијата на Џејк кога мајка му Тереза ќе му соопшти дека е бремена. Возбуденото момче не може да престане да рони солзи-радосници кога ќе ја слушне прекрасната вест.

„Се извинувам што ми требаше толку време за да стигнам тука. Но сега сум овде. Погледни ја твојата маичка“ – пишува на картичките кои му ги подава неговата мајка. Кога Џејк ќе ја погледне маичката со натпис „Ова момче ќе стане поголем брат“, ѝ ја подарува најсилната и најемотивната прегратка на својата бремена мајка.

Родителите на Џејк се соочувале со неплодност, откако пред три години нивното второ дете се родило мртво. „Знаевме дека ќе биде пресреќен, но никогаш не ја очекувавме оваа реакција. Сметам дека ни јас ни татко му не знаевме колку многу го сакаше ова“ – рекла Тереза.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20945 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.