Кристијан Гуардино е момче чиј голем талент штотуку беше откриен пред светот.
Талентираното момче ја изведе песната „Who’s Lovin’ You“ одушевувајќи ги судиите. „Беше како глувче кое се претвори во лав. Ти ми си омилен натпреварувач од сите кои ги имам видено оваа година“ – му рече Сајмон на Кристијан.
Хоуи Мендел му ја оствари желбата на Кристијан и го притисна златното копче, испраќајќи го директно во настапите во живо.
Кристијан бил слеп најголем дел од својот живот. Со соодветна терапија, докторите успеале да му го вратат видот и тој сега гледа одлично со помош на очила.