Учителка од Канзас има специјален поздрав за секој ученик од нејзиниот клас. Поконкретно за секој од нејзините 22 ученици.
Џеруша Виленборг секој ден ги дочекува и испраќа своите ученици со нивниот поздрав и вели дека со тоа им покажува на нејзините деца дека се грижи за нив.
Видео
„Тие се неверојатни деца, но знаете, тие се само деца. На крајот од денот, тие се поздравуваат со мене без разлика дали имале добар или лош ден. Заминуваат знаејќи дека јас сè уште се грижам за нив.“
„Тоа е специјално за мене и за конкретниот ученик. Тој ученик знае дека јас се грижам за него.“
Сè започнало кога еден од нејзините ученици одбивал да се поздрави со само обично „да пукне“ и си додавал нови елементи секој ден. Се разбира, набрзо и другите деца сакале да имаат свој поздрав со омилената учителка.
„Имав еден ученик кој сакаше нешто повеќе од обично ‘да пукне’ и постојано си додаваше уште нешто, па и моите останати ученици сакаа свој поздрав. Ги гледам в очи и ги знам нивните поздрави. Да, понекогаш грешам, но интересното нешто е што децата грешат многу повеќе од мене“ – вели Џеруша.