Децата знаат неизмерно да се радуваат на исполнетите желби. Нивните искрени реакции се од непроценлива вредност за родителите, а нивната среќа е најубавото благодарам.
Родители на три дечиња го снимиле избликот на бескрајна радост штом децата дознале што се крие во огромниот божиќен подарок.
Трите деца од сѐ срце посакувале да имаат куче, но родителите во текот на 5 години ја одбивале нивната желба. Постарите две деца дури имале изработено и презентација во Power Point со цел нагледно да им прикажат на своите родители зошто имањето куче за домашно милениче има позитивни страни.
Секој Божиќ и секој роденден децата едногласно ја повторувале заедничката желба, но токму кога започнале да се откажуваат, родителите им подготвиле незаборавно изненадување.
Погледнете ги бурните реакции на пресреќните дечиња: