Наближуваат најубавите празници, а Coca-Cola ги најавува со божиќна реклама со поларните мечки кои се дел од идентитетот на брендот веќе 25 години.
Видеото насловено „Правила за Божиќ“ прикажува семејство поларни мечки кои се подготвуваат за големиот празник. Правилата се:
- Сите мора се вклучени;
- Ако ти е потребна помош, побарај ја;
- Не дозволувај традициите да избледнеат;
- Поврзи се со саканите кои се далеку од тебе;
- Секогаш имај место за уште гости.
„Божиќ има специјален вкус кога сме заедно“.
Поларните мечки на Coca-Cola беа создадени во 1993 година.