Божиќната реклама на „Bouygues Telecom“ ќе ве насмее, а истовремено и разнежни.
Во видеозаписот, прикажан е татко кој долго време глуми дека е Дедо Мраз за да ги дознае новогодишните желби на својата ќеркичка.
Малото девојче постојано му се јавува на телефон, а тој ниту еднаш не пропушта да одговори на повиците, без разлика дали е на деловен состанок или треба да излезе на снегот по куси ракави.
„Најубавите подароци се оние кои ги споделуваме“ – порачуваат од француската компанија на крајот на видеото.