Еден мал фитнес реквизит може да направи огромна разлика во ефектот на вежбите кои ги практикувате. Станува збор за ластиците за вежбање, кои ги отежнуваат движењата и со тоа помагаат за побрзо тонирање на мускулите и забрзување на процесот на согорување на масти.
Бек Донан, која работи како личен тренер, создаде серијал вежби со кои ќе го обликувате целото тело, а особено задникот и стомакот.