Барате одличен кардио тренинг со кој забрзано ќе топите калории и ќе го оформувате телото? Били Бленкс, основачот на Тае Бо, ја има идеалната комбинација од вежби кои ќе ве препотат стопати од глава до пети.
Комбинацијата на движења од таеквондо, бокс, карате и аеробик, ќе ве размрда максимално. Тренингот трае речиси еден час и бара одредено ниво на кондициска подготвеност.