Крем јогуртот е производ богат со протеини, а содржи низок процент на масти.
Одличен е за комбинација со разновидна храна за сите оние кои внимаваат на својот изглед и виталност, се спортски активни, имаат динамично секојдневие.
Протеините во крем јогуртот (дури 11,25 гр. во едно пакување) му овозможуваат на телото да ги обнови и нахрани мускулите после физичка активност, што е неопходно за добра и фит форма.
Крем јогуртот е одличен и за оние кои сакаат да ја намалат или да ја контролираат телесната тежина, бидејќи со нискиот процент на млечна маст содржи само 99 калории во едно пакување од 150 грама.