Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » 20 невообичаени трикови за слабеење

20 невообичаени трикови за слабеење

Сите ја знаеме стандардната формула за слабеење: трошење на повеќе калории отколку што внесуваме. А тоа најлесно и најефективно се постигнува преку консумирање на здрава храна во разумни количества и практикување на физичка активност.

Зелено јаболко и метроАко јадете по едно јаболко пред секој оброк, ќе го намалите вносот на калории во просек за 180

Но, за оние што сакаат повеќе да експериментираат, постојат нестандардни начини за слабеење кои докажано водат до неосетно согорување на калориите и намалување на килограмите. Еве некои од нив, кои се поткрепени со научни истражувања:

  1. Пијте сок од моркови. Ако во текот на 3 месеци пиете по 1 чаша сок од моркови дневно, ќе ослабите со 2 килограма, затоа што сокот од моркови е богат со растителни влакна и хранливи материи кои ги топат масните наслаги.
  2. Зачинете со цимет. Циметот го забрзува метаболизмот и со тоа помага во согорувањето на повеќе калории. Само половина лажичка цимет дневно (во млеко или јогурт) може да ви помогне да губите по 1 килограм месечно.
  3. Вежбајте во друштво. Докажано е дека ако вежбате во друштво ќе слабеете три пати повеќе, отколку ако вежбате сами. Ново истражување покажа дека просечната жена слабее 5 килограми повеќе кога нејзините пријателки ѝ се придружуваат во диетата и вежбаат заедно со неа.
  4. Јадете во друштво. Луѓето се склони да консумираат онолку храна колку што консумираат и околните. Ако јадете со ваша пријателка, ќе внесувате 35% помалку калории.
  5. Консумирајте сос од соја. Протеините од сојата комуницираат со рецепторите на мозокот коишто ни кажуваат кога сме најадени. Со тоа, ние внесуваме и помалку калории.
  6. Сечкајте ја храната. Луѓето сметаат дека исечканата храна е количински поголема за 27% отколку кога не е исечкана. Благодарение на тоа, консумираат и 20% помалку калории.
  7. Пијте црвено вино. Консумирањето на една чаша црвено вино дневно може да ви помогне да го спречите создавањето на масни наслаги, особено околу стомакот. Истражувањата покажале дека ресвератролот од грозјето со спречува создавањето на масни клетки на струкот.
  8. Вежбајте наутро. Вежбањето наутро помага побрзо да согорувате масни наслаги, затоа што тогаш телото црпи енергија од натрупаните масти. Ако вежбате наутро, ќе ослабите 1 килограм повеќе, отколку ако вежбате во било кој друг период од денот.
  9. Внесувајте калциум. Оние коишто редовно внимаваат на внесувањето на калциум во телото, согоруваат 2,6% повеќе калории од оние коишто не го прават тоа.
  10. Слушајте релаксирачка музика додека јадете. Доколку слушате музика што ве релаксира, ќе ја џвакате храната со побавно темпо и ќе има доволно време за мозокот навреме да добие информација дека сте најадени.
  11. Додека вежбате, слушајте музика чиешто темпо се забрзува. На тој начин нема да чувствувате толку многу замор и ќе можете да вежбате подолго, а со тоа и да согорите повеќе калории.
  12. Користете гума за џвакање. 15-минути по оброкот ставете в уста гума за џвакање, а истото направете го и 2 часа по оброкот. На тој начин ќе ја намалите желбата за консумирање на десерт или пак грицки, кои значително го зголемуваат дневниот прием на калории.
  13. Избирајте месо на скара. Во процесот на готвење на скара, се елиминираат дел од маснотиите кои излегуваат во готвењето, а тоа секако значи и помалку калории.
  14. Јадете на секои 3 часа. Ако јадете еднаш на 5 часа, тогаш вашиот метаболизам ќе забави. Потребно е да јадете мали оброци на секои 3 часа, за да го одржувате брзиот метаболизам.
  15. Пијте зелен чај. Зелениот чај го забрзува метаболизмот со околу 20%.
  16. Јадете леќа со секој оброк. Ако успеете да јадете леќа со секој оброк, за 10 седмици ќе ослабите 7 килограми, затоа што леќата содржи амино киселини кои брзо согоруваат масти.
  17. Консумирајте чили пиперчиња и црвени пиперки. Лутите црвени пиперчиња имаат во себе супстанција наречена капсаицин, којашто го забрзува метаболизмот со 25%. Црвените пиперки содржат 6 пати повеќе витамин Ц од доматите, а витаминот Ц е неопходен за претворањето на мастите со енергија.
  18. Јадете по едно јаболко пред секој оброк. Околу 15-20 минути пред секој оброк јадете по едно јаболко. Така ќе го намалите вносот на калории во просек за 180.
  19. Смејте се. Смеењето согорува калории, а освен тоа влијае позитивно и на емоционалното здравје. Смејте се искрено секој ден по 10-15 минути и неосетно ќе согорувате во просек 275 калории неделно.
  20. Имајте секс. Сексот го забрзува метаболизмот и помага во обликувањето на вашето тело. Со секои 30 минути сексуална активност се губат во просек по 150 калории.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.