Цитрусите се плодови кои помагаат при топењето на мастите, кое води до брзо и значително намалување на телесната тежина. Освен тоа го снабдуваат организмот со потребниот витамин Ц. Практикувањето на оваа диета овозможува губење на околу 3 килограми за 5 дена.
Појадок за секој ден:
Секое утро започнете го со сок од еден лимон, разреден со 150ml минерална вода. Појадокот треба да вклучува: едно парче црн леб со изварка; една чаша сок од цитруси по избор; една чаша кисело млеко со 3 с.л. мусли и сок од половина лимон.
1 ден
Ручек: едно варено јајце; сос од една чаша кисело млеко и половина ситно исечкана краставица, магдонос и црн пипер.
Ужина: една чаша кисело млеко со сок од половина лимон.
Вечера: 100g макарони со 200g печурки; сос од соја.
2 ден
Ручек: 300g моркови со коцка за супа, 2 лажици сок од лимон, една чајна лажица маслиново масло, една глава кромид и сос од соја; 100g варен ориз.
Ужина: една чаша кисело млеко со сок од половина лимон.
Вечера: салата од зелка; пилешка шунка со мајонез, сок од лимон и црн пипер; еден портокал.
3 ден
Ручек: 150g свинско филе на скара приготвено со сок од лимон, црн пипер и сол; 150g варени компири.
Ужина: една чаша кисело млеко со сок од половина лимон.
Вечера: 100g компири и една глава кромид се пржат со 2 с.л. маслиново масло. Во истото масло се ставаат и 300g пилешко филе без кожата. Кога ќе омекни се додава една лажица сок од лимон, црн пипер, магдонос и сол.
4 ден
Ручек: еден голем компир, без разлика дали е варен или печен, се сечи во средината и се гарнира со сос од 1 с.л. хопла, 1 с.л. кисело млеко, црн пипер и ситно исечкан кромид; 2 парчиња пушено филе од риба.
Ужина: една чаша кисело млеко со сок од половина лимон.
Вечера: салата од една марулка, 60g сирење и 6-7 маринирани мали риби. Салатата се зачинува со 1 ч.л. маслиново масло и 2 с.л. сок од лимон; едно печено парче црн леб со изварка.
5 ден
Ручек: 50 гр. макарони, гарнирани со сос од 100g свинско филе, 2 с.л. хопла, 1 с.л. сок од лимон, црн пипер и босилек.
Ужина: една чаша кисело млеко со сок од половина лимон.
Вечера: салата од 150g варени компири, 5-6 црни маслинки, една глава кромид. Тоа се зачинува со 1 с.л. сок од лимон, црн пипер и сол; едно парче црн леб.