Една од најпопуларните диети во Холивуд е диетата „5 фактори“. Таа е создадена од личниот тренер Харли Пастернак и се практикува од многу познати ѕвезди како Ева Мендес, Алиша Кис, Кание Вест, Џесика Симпсон, Хали Бери и Лејди Гага. Неодамна и Кети Пери ја побара помошта на Пастернак за да изгледа одлично како невеста.
Пастернак одлучил дека 5 е магичниот број и врз основа на тоа ја изградил диетата. Диетата „5 фактори“ трае 5 седмици, вклучува 5 оброци дневно кои се приготвуваат за 5 минути и содржат 5 клучни состојки, препорачува вежбање 5 пати неделно и дозволува 5 дена за мамење во кои можете да јадете сè што ќе посакате.
Ако ви звучи интересно, продолжете да читате за да дознаете повеќе детали.
Основа на диетата
„Диетата не треба да биде напорна, скапа, ниту пак да трае долго“ – тврди Пастернак. Еве кои се неговите 5 принципи:
- Времетраење – 5 седмици. Строгите брзи диети навистина даваат резултати, но тие резултати се краткотрајни. Пастернак свесно избрал неговата диета да трае 5 седмици за да го избегне непосакуваниот јо-јо ефект. Многу луѓе продолжуваат да ја практикуваат диетата и по завршувањето на петнеделниот период и со тоа ја претвораат во начин на живот.
- 5 оброци дневно. Дневното мени вклучува 3 оброци и 2 ужини. Се препорачува да се консумираат на секои 3 часа. Така поретко чувствувате глад, а метаболизмот работи брзо. Пример: јадете во 8, 11, 14, 17 и 20 часот.
- Оброкот треба да е готов за 5 минути и да содржи 5 производи. Бидејќи се јаде 5 пати дневно, јадењата треба да се приготвуваат брзо и лесно за да може секој да ја применува диетата.
Оброците треба да вклучуваат 5 компоненти:
- здрави протеини (пилешки гради, белки од јајце, изварка, риба, школки).
- здрави јаглехидрати (грав, леќа, кафеав ориз, овошје).
- растителни влакна (овес, интегрален леб, јачмен, овошје и зеленчук, но без компири).
- здрави масти (маслиново масло).
- пијалоци без шеќер.
- 5 дена за одмор. Во текот на петте седмици имате 5 дена за одмор од диетата. Во овие денови можете да ја консумирате својата омилена храна. Изберете недела да ви биде ден за одмор и тогаш каснете парче торта, јадете ја омилената пица или посетете го омилениот ресторан. Стриктните забрани не носат резултати.
- 25-минутни тренинзи 5 пати неделно. За диетата да има позитивни резултати, морате да практикувате и физичка активност.
Фитнес план „5 фактори“
Харли Пастернак препорачува да вежбате 5 пати неделно по 25 минути. За неговиот фитнес план да биде уште поедноставен, тој го поделил во 5 фази и секоја од нив трае по 5 минути.
- I фаза: кардио вежби за загревање. Започнете да го забрзувате ритамот на срцето со пешачење, качување по скали, марширање во место и сл.
- II фаза: вежби за зацврстување на горниот дел од телото. Потребни ви се мали тегови со кои ќе можете да правите вежби за рацете.
- III фаза: вежби за зацврстување на долниот дел од телото. Во оваа фаза се практикуваат вежби за нозе. Најдобра вежба – клекнувања.
- IV фаза: вежби за стомачните мускули.
- V фаза: кардио вежби за топење на масти. Завршете го вежбањето со поинтензивни кардио вежби како трчање, возење велосипед и сл.
Зошто диетата 5 фактори е толку популарна?
- Не чувствувате глад. Ако јадете често, т.е. 5 пати дневно, ретко ќе бидете гладни.
- Се консумираат едноставни јадења. Потребни ви се само 5 состојки, а приготвувањето не треба да ви одзема повеќе од 5 минути.
- Препорачува кратки фитнес сесии. 25 минути не се многу време и секој може да си дозволи да го потроши за вежбање.
- Вклучува и „денови за мамење“. Многу луѓе не успеваат да се придржуваат до диетите затоа што не можат целосно да се откажат од омилените јадења. Луѓето кои се на оваа диета изјавуваат дека тоа што имаат ден кога можат да јадат сè што сакаат ги мотивира.
Резултати
Оваа диета не е строга диета со која килограмите се губат наеднаш. Во рок од 5 седмици можете да очекувате намалување на тежината од максимум 5-7 килограми.