Почетна
dm

Четвртата епизода од dm поткастот ги открива тајните на балансот во социјалниот живот на жената!

Излезе последната епизода од dm поткастот „Женски ритам“, а нејзината тема е – Балансот во социјалниот живот на жената: кариера, семејство и личен развој. Извонредните гостинки раскажаа инспиративни и успешни приказни од својот живот, а заедно со водителката Ана Јовковска успеаја да одговорат на сите прашања поврзани со социјалното здравје на жените во ова современо време.

dmPodcast

Како се постигнува баланс и задоволство во секојдневието, што всушност значи да се биде посветен во домот и на работното место, како и што треба да направиме за да се чувствуваме исполнети и корисни – следачите ќе имаат можност да ги слушнат овие одговори од д-р Васка Митова – специјалист психијатар и психотерапевт при Универзитетска клиника за психијатрија и Моника Зец – претприемачка и сопственичка на мал бизнис, кои со своите успешни приказни ќе ве инспирираат да ја разберете суштината на животот и да сфатите дека не сте сами, без разлика на тоа со што се соочувате.

Моника Зец многу емотивно ни раскажа за тоа како изгледа животот на една млада претприемачка која има сопствен бизнис, а е воедно и мајка на две деца:

Од друга страна, д-р Васка Митова ни објасни дека во денешно време е нормално жената да чувствува притисок поради големиот број на улоги кои ѝ се доделени, но ја нагласи важноста на тоа дека треба да се справиме со тој притисок:

„Нормално е дека имаме притисок, но многу е битно да го запомниме следното – Не се дави тој што потонал во вода, туку се дави тој што не здивнува. И зборуваме цело време за притисок. Што треба да направиме кога имаме притисок? Да издише тој притисок, да се извентилира тој притисок. И за тоа е многу битно времето за себе, доколку е можно да се најде. Она што е многу битно тука е свесното проаѓање, значи со концентрација да бидете вклучени во сѐ она што го минувате во текот на денот“

Целата епизода од ,,Женски ритам“ погледнете ја веднаш:

Ова е последната епизода од dm поткастот „Женски ритам“. Серијата од 4 епизоди е креирана така што дава одговори на специфичните предизвици со кои се соочуваат жените во денешното општество, создавајќи платформа за отворена дискусија и негување на заедништвото. Секоја од епизодите опфаќа посебен аспект од физичкото, менталното, менструалното и социјалното здравје на жените, со влијателни гости кои ги нудат своите единствени перспективи и стручност. Оваа епизода отвори нови видици за сите жени кои чувствуваат притисок поради своите секојдневни улоги кои им се доделени. Сите епизоди од dm поткастот погледнете ги тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 16432 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.