Почетна
dm

Инспиративен разговор во dm поткастот на тема ментално здравје: Навременото решавање на внатрешните конфликти ни дава нова насока во животот

Слушателите на dm поткастот, овој пат ги очекува искрена и интересна диксусија на темата „Колку и како се грижиме за менталното здравје?“. Во оваа епизода ќе ги слушнете советите и искуствата на две познати дами, заедно со водителката Ана Јовковска.

Со намера да се истакне важноста за грижата за менталното здравје, dm со задоволство ја објавува третата епизода од сопствениот поткаст која е посветена на менталното здравје на жените. Двете гостински кои ќе ве воодушеват со своите приказни се Бојана Стојменовиќ Петровска - психолог, семеен и системски советник и Дона Неделковска - дипломирана докторка по дентална медицина, фотографка и креаторка на содржини.

dmpodcast

Оваа епизода која излезе овој петок, на 9 август, низ повеќе од 1 час ќе ви стане новиот омилен извор на инспирација за одржување на вашата ментална хигиена и ќе ве охрабри да гледате на животот на еден малку поинаков, позитивен начин.

Дона Неделковска искрено ни раскажа дел од својата приказна и нѐ охрабри да започнеме да размислуваме за тоа зошто е важно да ги решиме навремено нашите внатрешни конфликти: ,,Самиот животот и насоката во која животот се движи, можеби би бил поразличен доколку порано, навреме сме побарале помош или рано сме ги решиле внатрешните конфликти и емоции и сѐ што сакаме во животот - вака се добива нова насока. Јас го сменив мојот живот од корен откако ми се случи тоа, но зошто чекав да се случи нешто големо за јас да направам промена?“

Додека пак, Бојана Стојменовиќ-Петровска која е позната по својот Instagram профил Мој психолог ни даде ново гледиште на поврзаноста меѓу менталното и физичкото здравје велејќи: Јас многу пати викам дека менталното и физичкото здравје се како една иста паричка со две страни – како и да свртиме, тоа сме ние и не можеме никако да ги набљудуваме засебно или посебно, туку мораме да ги гледаме заедно.

Ве интересира и за кои други теми разговараа гостинките во поткастот? Изгледајте ја целата епизода тука:

Серијата од епизоди на dm поткастот ни носи богато знаење и стручни совети, истакнувајќи ги различните перспективи на предизвиците и триумфите со кои се соочуваат жените во својот живот. Сите епизоди може да ги изгледате на YouTube каналот на dm!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 16432 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.