Деми Мур беше прогласена за Најубава личност на светот.
Списанието People ѝ ја додели оваа примамлива титула на 62-годишната актерка, која во изминатата година собра бројни комплименти за улогата во „The Substance“ и ја доби првата номинација за Оскар.



Филмската ѕвезда има три ќерки од бракот со бившиот сопруг Брус Вилис, има играно многу иконски улоги и е дел од листата на 100-те највлијателни личности на светот за 2025 година на Time. Деми никогаш не се срамела да го покаже своето тело, но вели дека сега го цени многу повеќе одошто порано.
„Раѓањето е едно од ретките пати кога 100% си сигурна дека болката ти носи подарок. Кога ќе можеш да го примениш тоа и во други работи, ќе започнеш да сфаќаш дека тоа е вистина за сите работи кои се тешки“.
„Имам многу поголема почит за сè што помина моето тело кое ме доведе дотука. Тоа не значи дека понекогаш не се гледам во огледалото, помислувајќи: ‘О, Боже, изгледам стара’ или ‘Ох, лицето ми опаѓа’ – го правам тоа. Но, можам да прифатам дека така е денес и знам дека тоа не ја дефинира мојата вредност или она што сум“ – вели Деми.



За Мур, убавината се крие во самоприфаќањето и во автентичноста.
„На некој начин, убавината едноставно постои. Можеш да видиш едно цвеќе и да ја видиш неговата убавина. На ниво на човек, ја гледам како автентичност и позитивност. Убавината доаѓа од тоа да ти е удобно да бидеш токму она што си“ – рекла таа.



