Јелена Розга ја освои публиката со својот настап на Златна бубамара на популарноста. На сцената во А1 Aрената, хрватската пејачка ја испеа својата најнова песна „Свето писмо“, а изведе и микс од свои хитови.
42-годишната музичка ѕвезда изгледаше прекрасно во сина креација. На манифестацијата, нејзе ѝ беше доделена наградата за Најдобра регионална пејачка на 2019.
Нејзина придружба на сцената беше оркестарот на Џамбо Агушев.
ФОТО: Александар Буневски / Femina.mk