Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Весна Петрушевска која се бори со рак ја покажа големата лузна од отстранувањето на градата

Весна Петрушевска која се бори со рак ја покажа големата лузна од отстранувањето на градата

Весна Петрушевска смело и отворено ја споделува својата битка со ракот на дојка. 54-годишната актерка и водителка ја покажа лузната од направената мастектомија.

Овој нејзин потег е за да ја подигне свеста за оваа опака болест и да ги поттикне жените да вршат редовни прегледи.

Весна Петрушевска

Прочитајте ја нејзината порака:

Октомври е месец на борба против ракот на дојка. Се утепав од читање на оваа реченица. Борба… и тоа баш во октомври. Како да одбележуваме востание. Долга е борбата. Секоја битка е добиена војна. Немам време за луѓе кои се бават со сè, освен со самите себе.

Тука сум за да иставам мое наследство, во театар, телевизија, мои деца и деца и илјадници деца кои ми минуваат пред очи. Многу е важно да се подигне свеста кај луѓето и да се поттикнат жените да одат на преглед. Мамографија, гинеколог. Знаете ли колку жени не се грижат самите за себе, оти животов ни се претвори во преживување. Додека не се соочите брутално нема да почнете да сакате себеси. Еден е животот и не замижувајте.

Октомври е месец за подигнување на свеста за ракот на дојка.

Популарната актерка минатиот месец сподели со јавноста дека се бори со рак на дојка со емотивен пост:

Весна Петрушевска

Кога ќе ја добиеш веста дека имаш дијагностицирано рак, тоа значи дека првата мисла што ќе ви падне на памет е дека вашето време некако станува одброено. Значи, некако, вашиот почеток почнува да има и крај. Што не мора да значи дека е така.

Јас се обидов само поради мојата ментална состојба да не го кажувам тоа. Инаку, мојата дијагноза е од средината на април оваа година. И тоа никој не можеше да го забележи затоа што јас во меѓувреме настапив со 30 деца на „Глумците пеат“, бев и во Битола. Ветив дека ќе ѝ дадам поддршка на професорката Гордана и тоа го сторив. И во сите тие неколку појавувања коишто ги имав, сум со два дрена реално, затоа што прво сум борец, второ не сакам да кукам, трето мразам патетика и четврто, можеби најважно од сè, е што не сакам никој да ме сожалува, и тоа е нешто што е дел од мене.

Другиот момент што е многу важен е дека секогаш кога се соочувате со оваа работа, со најстрашната болест на овој свет, тоа е дека останувате сами. И, не ви треба во тој момент баш никој да се грижи за вас, затоа што секое подигнување на веѓа или некое затрепкување, мене барем ми пречи.

И иако сум човек којшто многу помагал, помагам и ќе помагам, за мене почувствував дека тоа не ми е потребно во овој момент кога ги живеам моите најтешки моменти. Се работи за следново, имав две операции. Значи, се работи за рак на дојка.

Тоа значи дека минатата година кога јас се оперирав, кога доктор Огнен ми ја извади жолчката, тогаш си направив систематски преглед каде што за десната града ми рекоа имате една фиброза којашто треба да се следи.

И таа јас ја следев одвреме-навреме, но реално колку тоа и да звучи смешно и парадоксално и многу апсурдно, но како што спиев, јас имам пет кучиња, едно ми скокна баш на десната града и тоа толку ме заболе што другиот ден му се јавив на мојот добар пријател, мојот спасител Огнен...

...Почнувате со приказната дека тоа мора некако да се среди, зашто тоа што го имате во себе, мора да се отстрани. Независно дали сакате или не. Во тој момент не ни размислувате на што ќе личи вашето тело и дали вие ќе бидете кастрирани, просто верувате во докторите.

Кај мене се работи за еден брзоразвивачки канцер. Докторката не сакаше да оди екстремно. Прво беше еден квадрант, па да видиме до каде ќе се резултатите. Се надевавме сите на најдоброто, дека тоа е инцидент и дека може да се среди, некако да се спакува. После тие 15 дена, стигнаа резултати што стигнаа и рекоа дека тука мора да има мастектомија на десната страна.

Петрушевка сподели и дека првата операција ја направила на Клиника, но поради состојбата таму, вториот пат била принудена да се оперира во приватна болница. Во најтешките моменти, таа била придружувана од ќерката Мина.

„На операција дента со мене дојде Мина и Мина спиеше во болница со мене два дена... Јас отидов со мојот автомобил, заврши операцијата, јас се извлеков со мојот автомобил, си се вратив дома. За два дена, бев на некоја дебата за жени... И продолжив со животот“ – раскажа Весна и откри дека непрекинато работи на професионален план.

Весна Петрушевска

„Секогаш кога ќе слушнете од некој пријател, близок дека има рак, немојте да го сожалувате, зашто тоа е само уште еден предизвик во животот, уште едно искушение, уште една борба која треба да се добие. Не мислам дека завршува светот со добивањето на канцер. Мислам дека е еден шамар голем...“

„Јас живеам со дијагнозата и со состојбата на моето тело. На десната страна имам 30 сантиметри рез, којшто е грозен, којшто ве инвалидизира, којшто ви ја одзема женственоста. Белег и лузна којашто ве потсеќа на животот којшто треба да го живеете... Да, страшно е кога ќе се погледнете во огледало, одвратно е, не е баш ОК“ – призна Петрушевска.

Емотивното видео таа го заврши со позитивни лекции за животот и им порача на жените редовно да си прават самопреглед на градите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20956 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.