Почетна » Новости » Занимливости » „Оставете ги да бидат мали“: Мајка потсетува колку брзо растат децата и колку е важно да имаат безгрижно детство

„Оставете ги да бидат мали“: Мајка потсетува колку брзо растат децата и колку е важно да имаат безгрижно детство

Децата растат многу брзо и пред да трепнеме, тие веќе немаат потреба од нашата помош за да облечат, да одат на училиште или да се видат со пријателите.

Алекса Мари Браун со емотивен текст потсетува колку е кратко детството и колку е важно да ги оставиме децата да бидат деца – палави, будалести и љубопитни. Како мајка на две мали деца и трето на пат, Алекса многу добро знае како изгледа хаосот додека растат малечките. Сепак, таа порачува дека оваа фаза не трае долго и дека еден ден ќе им недостасува на родителите.

Алекса Мари Браун

Оставете ги да бидат мали.

Оставете ги да седат во корпата за алишта и да пловат низ океанот кој само тие можат да го видат.

Оставете дневната соба да биде џунгла, вселенски брод, замок... дури и тоа да значи перниците никогаш да не бидат на своето место.

Оставете ги да носат чорапи кои не се совпаѓаат и наметки кои се влечат по земјата.

Оставете ги да се качуваат и да паѓаат, да си ги изгребат колената и да дотрчаат кај вас кога тоа ќе се случи, бидејќи и тоа е дел од растењето.

Оставете ги да се досадуваат.
Нека има денови без екрани или структура, во кои ќе зјапаат во таванот сè додека... одеднаш не започнат да градат замок од ќебиња или да цртаат на ѕидовите приказни кои само нивните срца ги разбираат.

Оставете ги да бидат мали во свет кој сака тие да пораснат побрзо – да седат мирни, да ги следат правилата, да се однесуваат повозрасно одошто се.

Но, ќе го имаат целиот свој живот да бидат големи.

А сега?
Ја имаат оваа сезона која минува со едно трепкање на окото – да бидат мали.

Да се кикотат на работите кои немаат смисла.
Да плачат за скршените крекери.
Да молат за уште една приказна пред заспивање.
Да веруваат во магија, да веруваат дека вие можете да поправите сè, да веруваат дека светот е нежен и добар, бидејќи вие го направивте таков.

Оставете ги да бидат мали, бидејќи тоа не трае долго.

И еден ден... корпата за алишта повторно ќе биде само корпа за алишта, а не пиратски брод, тркачки автомобил или засолниште од змејови.

Еден ден, куќата ќе биде тивка, играчките складирани, а вам ќе ви недостига нередот кој се колневте дека ќе го исчистите утре.

Затоа денес – оставете ги да бидат диви.
Оставете ги да бидат гласни.
Оставете ги да бидат љубопитни, хаотични и она што навистина се.
Оставете ги да бидат мали.

Бидејќи токму такви и треба да бидат.

Многу родители се пронајдоа во текстот на Алекса и тој брзо стана хит на социјалните мрежи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25124 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.