Џереми Микс стана интернет хит во 2014 година, благодарение на фотографија направена при неговото приведување во полиција.
Згодниот престапник беше уапсен и осуден поради поседување на огнено оружје, но неговите криминални постапки не беа пречка за тој да придобие илјадници женски обожавателки.
Откако стекна голема популарност, уште пред да биде затворен, Микс потпиша договор со агенција за модели, а сега е на слобода и веќе ги разгледува опциите за првите модни ангажмани.
„Сакам да му се заблагодарам на моето семејство и на сите вас за сета љубов, поддршка и молитви. Пресреќен сум и благодарен за она што ме очекува. Подготвен сум“ – напиша тој на Instagram.