Џереми Микс и Клои Грин добија син. Моделот, кој се прослави низ светот со фотографијата од неговото приведување и беше наречен „најзгодниот затвореник“, и богатата наследничка на Тopshop објавија дека момчето ќе се вика Џејден Микс-Грин.
Парот ја објави веста со фотографија од рачињата на новороденчето.
Пред само две недели, папараци фотографии од двојката потврдија дека Клои е бремена.
Тие се во врска околу една година. Во јули минатата година за првпат беа фотографирани заедно откако Микс ја остави сопругата и започна афера со Грин.
Џереми стана интернет хит во 2014 година, благодарение на фотографија направена при неговото приведување во полиција. Тој беше уапсен и осуден поради поседување на огнено оружје, но неговите криминални постапки не беа пречка за тој да придобие илјадници женски обожавателки. Големата популарност му донесе работа како модел.