Божиќните реклами на „John Lewis“ секоја година се очекуваат со нетрпение.
Празничката кампања на британската компанија конечно пристигна, но наместо да ви ги насолзи очите, оваа година ќе ве разведри со интересна приказна.
Видеозаписот следи момче кое ќе посади семе верувајќи дека од него ќе израсне совршената новогодишна елка. Но, наместо тоа, расте неочекувано растение.
Како што поминува времето, се создава слатко пријателство помеѓу момчето и растението. Но, загриженото семејство не се согласува истото да продолжи да расте дома, па го носат во градината.
Погледнете што ќе се случи на божиќното утро:
Во позадината на рекламата се слуша песната „La vita è una festa“ од Андреа Бочели.