„Шоуто мора да продолжи.“
Amazon ја стартува сезоната на празничните реклами со емотивна приказна за балерина.
Двеминутното видео следи девојка која дисциплинирано се подготвува за балетски настап, но пандемијата со коронавирусот го крши нејзиниот сон.
Сепак, нејзината сестра и соседите се обединуваат за да ѝ овозможат да танцува пред публика. Видеото ќе ви роди позитивни емоции.