Почетна » Новости » Актуелно » „40 дена тага, болка, празнина“: Ана Костадиновска тагува по колегите од ДНК кои починаа во пожарот

„40 дена тага, болка, празнина“: Ана Костадиновска тагува по колегите од ДНК кои починаа во пожарот

Ана Костадиновска е неутешна по загубата на своите драги колеги од ДНК. Талентираната пејачка, која успеа да се спаси во ужасниот пожар во дискотеката „Пулс“, сè уште тагува по осумте пријатели кои засекогаш ги изгуби.

Ана беше придружен вокал на ДНК за време на настапот на кобната вечер. Taa објави емотивен пост по повод изминати 40 дена од трагичниот настан.

„40 дена тага, болка, празнина“ – напиша таа и објави фотографии со своите колеги.

Објава на Ана Костадиновска за ДНК Објава на Ана Костадиновска за ДНК Објава на Ана Костадиновска за ДНК Објава на Ана Костадиновска за ДНК Објава на Ана Костадиновска за ДНК Објава на Ана Костадиновска за ДНК Објава на Ана Костадиновска за ДНК

Посебно место во нејзиното срце секогаш ќе имa нејзината блиска пријателка и колешка Сара Пројковска, со која беа придружни вокали на многу славни личности.

„И те нема и секаде те има, неизбежно те има... во себеси те носам!!!“ – стои во описот на фотографиите кои Ана ги објави со Сара на Facebook.

Објава на Ана Костадиновска за ДНК

Досега, 62 лица ги загубија своите животи во пожарот до дискотеката „Пулс“ во Кочани. Меѓу нив беа и осум членови на бендот ДНК, кој таа вечер имаше настап.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25147 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.