Најмалиот син на принцезата Кетрин и принцот Вилијам наполни седум години.
По повод неговиот роденден, на официјалниот профил на кралскиот пар беше објавена слатка фотографија од Луи.
На неа, тој со широка насмевка позира пред објективот, зад кој за првпат досега не стои неговата мајка.

Најчесто, самата Кетрин ги фотографира децата за нивните родендени, но овој пат фотографијата е дело на Џош Шинер.
Погледнете ги фотографиите од Луи од претходните родендени.












Луи е најмалото дете на Вилијам и Кетрин кои се родители и на принцот Џорџ и принцезата Шарлот.


