Почетна » Диети и фитнес » Популарни диети » Диета со грејпфрут

Диета со грејпфрут

Диетата со грејпфрут е нискокалорична диета, којашто се темели на претпоставката дека грејпфрутот содржи „магична“ супстанција која кога се внесува во телото заедно со протеини води до согорување на масти и предизвикува губење на телесна тежина.

Оваа диета за прв пат се појавила во 30-тите години на минатиот век и била позната како Холивудска диета. Денес некои луѓе ја нарекуваат и Мејо Клиник диета, иако диетата нема никаква поврзаност со американската организација која го носи тоа име.

ГрејпфрутСе верува дека грејпфрутот помага во согорувањето на мастите

Едноставен план за оброците

Појадок:

  • 2 јајца (варени или пржени);
  • 2 тенки парчиња сланина;
  • кафе (без шеќер и млеко);
  • ½ грејпфрут или една чаша сок од грејпфрут.

Ручек:

  • салата со месо;
  • ½ грејпфрут или една чаша сок од грејпфрут.

Можете да консумирате било какво месо и да го приготвувате како што сакате. Јадете додека не се заситите.

Вечера:

  • црвени/зелени зеленчуци или салата со неограничено количество риба или месо,
  • ½ грејпфрут или една чаша сок од грејпфрут.

Ужина пред спиење:

  • една чаша млеко или сок од домати.

Од зеленчуците треба да се претпочитаат зелен и црвен кромид, брокули, моркови, марула, зелка, спанаќ и домати, а да се исфрлат пченката, целерот, компирите, белиот кромид, гравот и грашокот. Можете да консумирате какво што сакате месо и риба.

За месото и зеленчуците може да се користи неограничено количество на путер и зачини, а може да ги варите, печете или пржите.

Правила на диетата

  • За време на ручекот или вечерата можете да јадете сè додека не почувствувате дека сте сити.
  • Не пијте повеќе од едно кафе дневно.
  • Не јадете меѓу оброци. Единствената ужина треба да ви биде по вечерата.
  • Пијте многу вода, најмалку 2 литри дневно.
  • Секогаш внесувајте го препорачаното количество грејпфрут.
  • Не исфрлајте ниту еден од продуктите кои се препорачани, особено сланината и салатите.
  • Диетата трае 12 дена. Ако сакате повторно да продолжите со неа, направете најмалку 2 дена пауза.

Позитивни страни на диетата

Диетата со грејпфрут е нискокалорична диета и поради тоа за кратко време се губат многу килограми. Не треба да се бројат калории, ниту пак да се мери храната точно до грам, па многу е лесна за следење.

Грејпфрутот е овошје кое содржи многу малку калории, а е богат извор на витамин Ц.

Негативни страни на диетата

Изгубената тежина се состои од течности, а не од масти. Најчесто луѓето си ги враќаат изгубените килограмите во периодот по завршувањето на диетата, т.е. се појавува јо-јо ефект.

Луѓето кои ја држат оваа диета обично консумираат 800-1000 калории дневно, што е под минималната граница. Жените треба да консумираат минимум 1200 калории дневно.

Диетата не препорачува физичка активност, основно затоа што се консумираат малку калории и телото нема доволно енергија.

Резултати

Диетата со грејпфрут треба да се следи 12 дена. Во тој период можете да изгубите до 5 килограми.

!

Ако примате какви и да било лекови, прескокнете ја диетата со грејпфрут затоа што постојат докази дека грејпфрутот во комбинација со некои лекови може да биде опасен по здравјето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19882 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.