Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 5 погрешни сфаќања на жените за машкото однесување

5 погрешни сфаќања на жените за машкото однесување

„Ако го направам љубоморен, тој сигурно ќе ми посвети повеќе внимание“

Многу жени сметаат дека ова е вистинскиот начин да направат нивниот партнер повеќе да се грижи за нив, но тука се појавува и друг момент – стравот што тој би го имал дека ќе ве изгуби може лошо да влијае врз него и неговото однесување.

ЉубомораИако понекогаш можеби успева, предизвикувањето на љубомора е погрешен начин за привлекување на внимание.

За многу мажи љубомората е душевен терор. Тие се чувствуваат како губитници кога ќе забележат дека нивната партнерка флертува со некој друг отспротива. Доколку решите да играте со картата љубомора, ризикувате тој да добие впечаток дека не сте заинтересирани за него или дека сте жена што не може да биде само и единствено со еден маж.

Предизвикувањето на љубомора е погрешен начин за привлекување на внимание, иако понекогаш можеби успева. Ако сакате вашиот партнер да ви посветува повеќе внимание и да се грижи за вас, потребно е отворено да му ставите до знаење дека ви недостига нешто во врската.

„Мажите не сакаат да зборуваат за нивните врски“

Во таквите разговори мажите најчесто се чувствуваат потиснати од своите партнерки. Тие едноставно знаат дека жените подобро можат да ги изразат своите чувства, па затоа најчесто оставаат жените да ги предводат „тешките“ емотивни разговори.

За да ја подобрите комуникацијата, обидете се јасно и прецизно да се изразите, без непотребно филозофирање. Со тоа вашиот партнер нема да има чувство дека проблемот е премногу комплициран.

Разговорите од ваков тип најдобро е да ги водите кога тој е опуштен и добро расположен. Кога тој иницира разговор, слушајте го внимателно и оставете го да се доискаже, пред вие да го изложите својот став.

„Мажите сакаат само убави жени“

Би било грешно ако кажеме дека изгледот на жената воопшто не е битен за мажите. Но, тоа не значи тека вие треба да сте топ-модел. Шармот, харизмата и насмевката се многу поважни отколку убавината.

Вистината е дека мажите сакаат негувани жени. Не мора да имате вештачки прамени или долга коса, но важно е таа да биде чиста, миризлива и да имате фризура која ви одговара. Не мора да имате надградба на ноктите, важно е тие да бидат средени. Не е задолжително да имате идеални црти на лицето, но треба да умеете да ги истакнете убавите делови, а да ги прикриете недостатоците.

Многу истражувања покажуваат дека насмевката е првото нешто што го забележуваат мажите. Женската насмевка отсекогаш била загатка за мажите, тие постојано се обидуваат да дешифрираат дали таа е искрена или вештачка. Истакнете ја вашата убавина, но секогаш имајте на ум – најважна е вашата насмевка.

„Мажите се тие кои треба да даваат комплименти“

Жените би се чуделе, кога би знаеле колку навистина мажите се несигурни во себе. Не се само жените преокупирани со физичкиот изглед. Денес мажите трошат сè повеќе време и пари за да изгледаат подобро.

ФлертувањеМажите сакаат да добиваат комплименти и пофалби исто колку и жените.

Па, како што секоја жена сака некој да ѝ даде комплимент за минутите и часовите поминати пред огледало, така и секој маж сака да добие пофалба за тоа што внимава на својот надворешен изглед.

Неговото срце многу брзо ќе го освоите и тој сигурно ќе биде повнимателен кон вас, кога вие почесто би му кажувале нешто убаво. Еден комплимент за неговиот изглед, знаење или способност би го направил многу среќен.

„Мажите секогаш сакаат и треба да го направат првиот чекор“

Напротив. Мажите се тие кои многу повеќе се плашат дека ќе бидат одбиени. Да ѝ пријде на некоја непозната атрактивна жена, за секој маж е навистина тешка работа, без разлика колку се обидува да ја скрие својата нервоза.

Но, тоа не значи дека вие треба да истрчате веднаш кон него. Прво оставете го да се помачи. Сепак, маж кој не сака да се потруди да ви го привлече вниманието, не е достоен за вас.

Кога ви се допаѓа и забележите дека сака да ви пријде, олеснете му го патот. Сигнализирајте му дека ако ви пријде нема да наиде на незаинтересираност. Праќајте му погледи и насмевнувајте му се. Доколку тој сè уште не е сигурен дали да ви се доближи, ако сте доволно храбри можете вие да го направите првиот чекор. Некое безначајно прашање би било сосема доволно. Ако знае дека е добредојден, тогаш многу лесно ќе стапи тој на сцена.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.