Почетна » Љубов и секс » Секс » Сексуална возбуда – мажи vs. жени

Сексуална возбуда – мажи vs. жени

Сексуалната возбуда настапува најчесто пред сексуален однос како резултат на физички и психички стимули. Таа предизвикува физиолошки промени кои кај некои луѓе се поизразени, а кај други – не толку.

Маж и женаСексуалната возбуда е покомплицирана кај жените, отколку кај мажите.

Како и желбата за секс, така и сексуалната возбуда е покомплицирана кај жените. Не е тајна дека мажите полесно се возбудуваат. Многу експерти се согласуваат дека возбудата кај жените се раѓа во главата, а кај мажите – „меѓу нозете“.

Што ги возбудува мажите, а што жените?

Мажите се визуелни суштества и за нив е многу важно, понекогаш и најважно, она што го гледаат. Тоа не значи дека жените не се визуелни, туку дека ним им е потребно многу повеќе од само убав изглед. Жените бараат и емоционална поврзаност со нивниот сексуален партнер, романтична атмосфера, внимание и сл.

Мажите се и многу попредвидливи кога станува збор за сексуалната возбуда, додека сексуалната возбуда кај жените зависи од многу фактори.

Едно многу значајно истражување спроведено во Канада покажало дека мажите се многу поконкретни во однос на она што ги возбудува, во споредба со жените. Во рамките на истражувањето, хетеросексуални и хомосексуални мажи и жени биле прашани што ги возбудува, а потоа им биле покажувани еротски филмови.

Предвидливо, хетеросексуалните мажи биле возбудени од филмовите во кои бил прикажан секс маж-жена или жена-жена и тоа се поклопило со нивните тврдења. За разлика од нив, хетеросексуалните жени изјавиле дека се возбудуваат само на филмови кои прикажуваат секс маж-жена, но објективно покажале еднакви знаци на возбуда при гледањето на сите еротски филмови. На крајот од истражувањето било утврдено дека жените не се привлечени од полот, туку од личноста на учесниците во еротските филмови, т.е. дека земаат во предвид особини како љубезност и чувство за хумор.

Навистина, фантазиите кои ги возбудуваат мажите се разликуваат од женските фантазии. Сексуалните фантазии на жените најчесто вклучуваат згоден маж, романтични гестови и емоционална и физичка интимност, додека пак мажите си замислуваат одредени делови на женското тело и повеќе партнерки.

Што се случува кај мажите и жените кога ќе почувствуваат сексуална возбуда?

Во следната табела се прикажани физиолошките промени што настапуваат кај сексуално возбудените мажи и жени.

Жени Мажи
1. Забрзано дишење и чукање на срцето Забрзан ритам на срцето
2. Зголемување на телесната температура Зголемување на крвниот притисок
3. Ширење на зениците Ширење на зениците
4. Зацрвенување на лицето и градите кај 50-75% од жените Зацрвенување на лицето кај 25% од мажите
5. Стврднување на брадавиците на градите Стврднување на брадавиците кај 60% од мажите
6. Навлажнување на вагината Собирање на тестисите кон телото
7. Зголемување на усните на вагината Зголемување на тестисите
8. Зголемување на клиторисот Ерекција

Табела: сексуалната возбуда кај жените и кај мажите

Не ја занемарувајте предиграта – таа е креатор на сексуалната возбуда. Најважно е возбудата постепено да се зголемува за да може да се достигне врвот – оргазмот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19667 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.