Години наназад H&M соработува со познати дизајнери и модни куќи за да создава модерни колекции со достапни цени. Оваа година, една од најголемите вести во светот на модата беше најавувањето на соработката на Lanvin и H&M во јуни.
Сега веќе е претставена новата колекција на Lanvin, којашто можеби е највозбудливата соработка на H&M со познато дизајнерско име досега.
Колекцијата вклучува сакоа, балерина фустани и чевли украсени со панделки. Асиметричнoста, наборите и женствените линии на креациите несомнено укажуваат на учеството на Lanvin.
Модните креации ќе бидат достапни во продавниците на H&M од 23-ти ноември.
Досега брендот H&M има соработувано со дизајнери како Карл Лагерфелд, Стела Мекартни, Соња Ракел и Џими Чу.
Подолу можете да видите дел од колекцијата на креативниот директор на Lanvin, Албер Елбаз, како и краток промотивен филм снимен за колекцијата.