Мајами е центарот на модата кога се во прашање костимите за капење. Како и секое лето, дизајнерите испратија армија од манекенки за да ги претстават најновите колекции костими за капење.
За време на жешките ревии во Мајами беа поставени трендовите за сезоната лето 2014. Бикини, монокини, танкини, едноделни костими и модерна облека за на плажа со егзотични животински и тропски принтови, впечатливи комбинации на бои и динамични текстури ги привлекуваа погледите на присутните.
Колекцијата „Jungle Punk“ на Dolores Cortes го обедини змискиот, животинскиот и цветниот принт и ги постави на пиедестал жешката розова, небесната сина, лимоновата жолта и длабоката пурпурна боја. Luli Fama мамеше воздишки со еклектички миксови на бои, додека Mara Hoffman повторно се задржа на препознатливиот „бохо“ стил со интригантни принтови и уникатни дизајни. Beach Bunny му даде шанса на спортскиот стил, а особено ја истакна летната привлечност на бело-златната комбинација.
Погледнете ги најатрактивните колекции: