Почетна » Убавина и мода » Мода » Париската недела на модата – колекции пролет/лето 2016

Париската недела на модата – колекции пролет/лето 2016

Во Париз се одржаа последните ревии од таканаречениот „моден месец“. Престижни ателјеа го подигнаа превезот на таинственоста од колекциите за сезоната пролет/лето 2016.

Кристијан Диор

Раф Симонс издигна грандиозна цветна купола сред Лувр. Илјадниците цветови ги забавуваа погледите на гостите сè додека на пистата не започнаа да се нижат новите креации кои според Симонс, ја слават нежноста и женственоста.

Париската недела на модата

Кратките панталони и блузи со брановидни рабови кои потсетуваа на раб на школка беа инспирирани од долната облека од викторијанската ера. „Сакав колекцијата да има чистота во себе. Да ја поедноставам и да се концентрирам на линијата која ја изразува идејата за женственост, кревкост и чувствителност, без притоа да се жртвува силата и нејзината моќ. Можеби има едноставност во изгледот на колекцијата, но таа е екстремно комплексна во однос на техниката“ – објаснува Раф.

Диор Диор

Шанел

Ревиите на Карл Лагерфелд никогаш не се само обични ревии. Модниот ветеран ѝ дава на публиката доживување кое тешко се заборава. Овој пат тој ја засили еуфоријата кај присутните, канејќи ги во гламурозен Шанел аеродром.

Париската недела на модата

Слоевитоста и лежерноста стојат во основата на колекцијата во која доминираа црвена, бела и сина боја (боите на француското знаме). Футуристички огледални очила, бејзбол капи и сребрени ракавици ги надополнуваа аутфитите.

Шанел Шанел

Валентино

Марија Грација Киури и Пјер Паоло Пичоли изненадија со префинет приказ на примитивна убавина. Колоритниот накит на африканските жени и облеката на воините се покажаа како неисцрпен извор на идеи.

Париската недела на модата

Плетените фризури, ресите, етно принтовите и впечатливиот накит од Алесандро Гаџо несомнено ја потенцираа асоцијацијата со Африка.

Валентино Валентино

Балман

Секси силуети кои ја следат женската фигура, провокативен мрежест ефект, динамични карнери... Оливие Рустан ја испрати на пистата својата армија манекенки во впечатливи креации кои често ќе ги гледаме на црвените килими и холивудските забави.

„Иако оваа 15-минутна презентација е дизајнирана да креира силни впечатоци и реакции, дизајните ќе остават свој отпечаток во следните шест месеци“ – пишува во белешките на Рустан, за кого многу се зборува во последно време и поради неговата возбудлива соработка во гигантот „H&M“.

Балман Балман

Луј Витон

„Сајберпанкерките“ на Николас Гескиер се движат на границата на панкерски и спортски стил. Моторџиски јакни, бермуди, спортска мрежа и лежерни комбинезони ги размрдаа усните на присутните.

Париската недела на модата

Гескиер открил дека се инспирирал од херои во компјутерски игри и аниме ликови.

Луј Витон Луј Витон

Ели Сааб

Ели Сааб го подзапостави креирањето на спектакуларни вечерни фустани и во Градот на светлината претстави колекција со елегантни парчиња кои би се вклопиле идеално во дневни стајлинзи. „За пролет/лето 2016 сакав да претставам жена која ги зема кодовите на Куќата и се чувствува слободна да ги прикаже на свој начин“ – објасни тој.

Романтични фустани од тантела, бомбер јакни, женствена верзија на сандалите „гладијаторки“, врзани панделки на вратот, перфорирана кожа, 3D апликации, хипнотизирачки „спортски“ риги и уметнички цветен принт го задржуваа вниманието на стотиците гости на париската ревија.

Ели Сааб Ели Сааб

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19885 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.