Почетна » Убавина и мода » Мода » Лондонската недела на модата: колекции есен/зима 2012-2013

Лондонската недела на модата: колекции есен/зима 2012-2013

Лондон како вистински светски центар на модата ги пречека модните критичари со широко отворени врати. За големо изненадување на сите нив, презентираните колекции не беа толку ексцентрични како што сите очекуваа. „Порано доаѓавме тука со мислата дека ќе биде ексцентрично и во стилот на улична девојка, а всушност наидовме на зрели, префинети и секси гламурозни алишта... прекрасно е“ – изјавила уредничката на американскиот Вог, Ана Винтур.

Погледнете неколку од колекциите кои добија најпозитивни критики:

Burberry Prorsum

„Дождливите денови сметам дека се поемотивни од сончевите. Ја сакам меланхолијата на дождот. Понекогаш те принудува да застанеш и да правиш интересни нешта“ – изјавил Кристофер Бејли, дизајнерот кој стои зад Burberry, еден од најуспешните британски модни брендови.

Капи од твид и еластични колани со мала панделка се провлекуваа низ целата колекција, додека раскошната палета на бои вклучуваше маслинесто-зелена, темно сина, боја на сенф и кафеава во сите есенски нијанси. Интересен елемент на сукњите со висок струк и кратките палта беа големите џебови кои им даваа волумен и ги акцентираа колковите. На крајот на шоуто заврна дожд, а моделите завршната колективна прошетка по пистата ја направија со чадори во рацете.

Burberry Prorsum Burberry Prorsum

Ердем

Цветни фустани и креации со чипка ја преплавија пистата на ревијата на Ердем. Црна гума (каучук), онаква како што може да се види во секс-шоповите, во креациите на Ердем беше деликатно комбинирана со чипка или искористена како основа за слоевито редење на цветни детали. Апликации од чипка можеа да се видат на повеќе од половината креации и уште посилно ја потенцираа женственоста на колекцијата.

„Сакам да направам моите клиентки да се чувствуваат силно“ – изјавил Ердем по завршувањето на шоуто.

Ердем Ердем

Антонио Берарди

Покажувајќи богати форми кои ја оцртуваат женската силуета и правејќи вешт спој на минималистичкиот и футуристичкиот стил, Берарди создаде креации кои мамат со својата строга структура.

Порцеланските скулптури на современата уметничка Рејчел Нибоун му помогнале на Берарди да ја доразвие својата британска естетика дополнета со италијански сензибилитет со која ги комплетира новите модели.

Антонио Берарди Антонио Берарди

Temperley London

Темперли често во медиумите се појавува поради тоа што Кетрин, војвотката од Кембриџ, и нејзината сестра Пипа Мидлтон редовно „позајмуваат“ нејзини креации. И кога ќе ја разгледате новата колекција, лесно ќе можете да забележите барем неколку креации кои одлично би се вклопиле во стилот на Кетрин.

Инспирирана од религиозните уметнички слики од 18 век, дизајнерката Алис Темперли ја нарече својата колекција „Renaissance“. Руските крзнени капи, златните долги ѓердани, чипката и златно-црните комбинации придонесоа колекцијата да може да се опише со еден збор – богата.

Temperley London Temperley London

McQ

Првата колекција на McQ (втората линија на Александар МекКвин) беше презентирана во Лондон. Првиот дел од шоуто беше во милитаристички стил (војнички бои, високи чизми со врвци), а потоа на пистата прекриена со есенски суви лисја се појавија фустани кои со помош на многу тул добија волумен, а со помош на апликации во форма на лисја придобија нежност и женственост.

Ревијата ја заврши 47-годишнатаКристен Мекменами облечена во бел фустан, која театрално застана во центарот на пистата додека врз неа паѓаа суви лисја. „Тоа е најубавиот невестински фустан во кој некогаш може да се надеваш дека ќе се омажиш“ – изјавила Лусинда Чемберс за белата креација на дизајнерката Сара Бартон.

McQ McQ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.