Почетна » Убавина и мода » Мода » 10 „must-have“ модни парчиња за лето 2011

10 „must-have“ модни парчиња за лето 2011

Летната облека треба да биде лесна и комфорна за вашата кожа да може да дише и да можете слободно да се движите. Добрата вест е што модните трендови оваа година го нудат токму тоа.

Неколку дена пред календарскиот почеток на летото, комплетирајте ја вашата летна гардероба со следниве парчиња облека и гарантирано нема да останете незабележани:

Мало бело фустанче

Белото фустанче не ги привлекува сончевите зраци, но и тоа како ги привлекува љубопитните машки погледи. Го облекувате и за броени секунди сте подготвени да истрчате на плажа или до омиленото кафуле.

Изберете едноставен модел кој во комбинација со различни модни додатоци ќе ви дава секогаш нов поинаков изглед.

Мало бело фустанче

Макси фустан

Разиграни и ултра романтични, макси фустаните продолжуваат да ги освојуваат женските срца. А зошто се толку популарни? Прво, затоа што со еден потег сте облечени од глава до пети и второ, затоа што со неколку модни додатоци може лесно да преминат од дневен во ноќен аутфит.

Еднобојни, цветни или со друг интересен принт – изборот е ваш. Но, бидете внимателни со моделите. Ако сте ниски или ако имате пополна фигура, можеби ќе сакате да ги прескокнете овие широки долги фустани.

Макси фустан

Широки високи панталони

Не го поминувајте ова лето без ленени или платнени панталони со широки ногавици и висок струк.

Одлични се за на работа во деновите кога температурите го достигнуваат максимумот, бидејќи лесно се комбинираат со тенка кошула прибрана внатре во нив; особено тренди изгледаат во комбинација со едноставна маичка на прерамки и марама за задолжителното утринско кафе; идеални се за свежите ноќи затоа што изгледаат неодоливо и женствено во комбинација со летните сакоа.

Широки високи панталони

Морнарска маичка

Ригите се супер модерни ова лето. Иако дизајнерите нудат облека со риги во различни силни бои, најбезбедни остануваат сино-белите морнарски риги. „Морнарските“ комбинации секогаш добиваат почесно место во летната гардероба.

Кон сино-белата комбинација додајте црвени или жолти детали и на сигурен начин ќе избегнете модна грешка, а истовремено и ќе избегнете да паднете во замките на монотоните комбинации.

Морнарска маичка

Металик или неутрални ниски сандали

Во наредните три месеца дајте им одмор и на вашите нозе. Никогаш не биле помодерни ниските сандали, па зошто постојано да се измачувате качени на неудобни штикли?

Изберете златни или сребрени сандали со многу ремчиња, или пак, кафеави или крем гладијаторки. И едните и другите ќе можете да ги вклопите во безброј комбинации за на плажа и за низ град.

Металик или неутрални ниски сандали

Мини слатка чантичка

Сè што ви е најнеопходно ова лето треба да може да се собере во мала чантичка. Чантичките со долга рачка кои се носат преку рамо се најголем хит и мора да се снабдите барем со една ваква.

Во тренд се силните воочливи бои, па ако се плашите да ги користите во вашата облека, вклопете ги во вашиот изглед преку чантата и останатите модни додатоци.

Мини слатка чантичка

Жешки урбани шорцеви

Високите температури ќе ве принудат да ги покажете своите нозе. Разладете се со урбани шорцеви со висок струк кој ќе ви дадат едновремено елегантен и урбан шик изглед.

Тие се модерна замена за мини сукњите, а ќе ги засакате затоа што ги издолжуваат нозете.

Жешки урбани шорцеви

Тенок кафеав колан

Истакнете ја вашата половина со тенок кафеав колан. Изберете класичен колан или колан во вид на плетенка и можете да го комбинирате со макси фустан, цветна сукња со висок струк, панталони, мантил или долга кошула – изборот е неограничен.

Тенок кафеав колан

Шарена марама

Без разлика на принтот, без разлика на боите, шарените марами се задолжителен моден додаток ова лето. Но, марамите не се само за околу врат и тоа треба да почесто да си го повторувате. Можете да ги носите врзани на главата, сплетени во косата во плетенка или како замена за колан.

Шарена марама

Кратка сукња со интересен принт

Не се затрчувајте по тесните кратки сукњи. Вашиот избор нека бидат сукњите со А-линија. Тие овозможуваат слобода во движењето и ја истакнуваат формата на женското тело.

Апсолутен погодок се сукњите со цветен дезен кои потсетуваат на популарниот винтиџ стил.

Кратка сукња со интересен принт

Иако зборуваме за таканаречени „must-have“ парчиња облека, слободно скратете го списокот ако некои од нив не се вклопуваат во вашиот стил на облекување.

И уште нешто... Не се плашете да мешате бои и да судирате различни шари и текстури. Летото е идеално за експерименти. Модата е забавна, па слободно пуштете ја вашата фантазија и градете свој уникатен стил.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.