Почетна » Убавина и мода » Лице » Третирање на отворени пори

Третирање на отворени пори

Проширените видливи пори го уништуваат беспрекорниот изглед на кожата на лицето и се причина за загриженост на многу жени.

Дерматолозите користат различни тераписки модалитети за да ја подобрат структурата на кожата и да ги коригираат проширените пори и другите нерамнини и вдлабнатини за кожата да изгледа посвежо и поздраво. Ви препорачуваме неколку ефикасни третмани за решавање на проблемот со проширени пори.

Жена

PIXEL RF

PIXEL технологија претставува ласерска технологија за измазнување на лицето и корекција на плитки и средно длабоки брчки. Оваа напредна технологија го прати активниот животен стил на модерното време и стои помеѓу конвенционалните и хируршките методи со одлични резултати кои не бараат премногу време на опоравок. Исто како што и деструирана слика се реставрира со време, така и новата пиксел технологија ја подобрува структурата на кожата пиксел по пиксел, зафаќајќи само дел од кожата со илјадници микроскопски РФ пиксели како фотошоп за вашата кожа. После само неколку третмани резултатите се видливи и повеќе од задоволителни.

ПРП – плазма збогатена со тромбоцити

ПРП е најприродната метода која ги пополнува порите на природен начин. ПРП или плазма богата со тромбоцити е концентрат на човечки тромбоцити во мала количина на плазма добиена од самиот пациент.Апликацијата на плазмата со тромбоцити која е со мезоигли е за кожата своеврсна микротраума која го поттикнува физиолошкиот процес на зараснување. Корекцијата на порите се постигнува преку матичните клетки кои биваат активирани од аплицираните тромбоцити и кои доведуваат до образување на ново колагенско ткиво. Со третманот се стимулираат природните механизми на регенерација на кожата, што доведува до создавање на нов колаген. Како резултат на ова кожата станува мазна, сјајна и еластична.

Хемиски пилинг - регенерација на кожата со пилинг со овошни киселини

Хемискиот пилинг претставува медицински третман со кој се подобрува изгледот и текстурата на кожата, се постигнува измазнување на порите, се избледуваат хиперпигментациите, се третираат лузни и акни и други оштетувања на кожата предизвикани од сонце. Хемискиот пилинг го забавува процесот на стареење и дава посебна свежина и еластичност на кожата.

Со комбинирање на третманите со индивидуализиран пристап спрема Вашата состојба, ефектот е неминовен.

Д-р Анета К. Петрушевска
Спец. дерматолог

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20163 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.