Почетна » Убавина и мода » Коса » Шик фризури за впечатлив изглед

Шик фризури за впечатлив изглед

Во текот на топлата сезона шармирајте со доминантните креативни плетенки, висока балерина пунџа или интересен плетен „твист“. Научете да ја стилизирате вашата коса како вистински професионалец, благодарение на некои од најдобрите туторијали за забавни фризури кои се во тренд.

Висока балерина пунџа (со чорап)

Пунџата поставена високо на главата е атрактивна фризура на која не успеваат да ѝ одолеат многу холивудски дами, познати блогерки, врвни стилисти... Како што се затоплува времето, така нејзината популарност засилено расте. Се прашувате зошто? Затоа што ја крие елеганцијата на Одри Хепберн, но сепак делува модерно и тренди, се прави само за неколку минути, а изгледа како да сте вложиле многу време и внимание. Најдоброто е што во зависност од приликата можете да ја правите во најразлични варијанти – замазнета и идеално собрана за вечерен свечен изглед, а поразбушавена за дневен лежерен изглед.

Висока пунџа - тренд кај славнитеВисока пунџа – тренд кај славните

Најпрактичниот начин да си направите модерна пунџа е со помош на чорап. Иако звучи малку чудно, откако еднаш ќе ја пробате пунџата со чорап, верувајте дека ќе се заљубите во неа. Чорапот се обликува во форма на крофна и служи за да ѝ дадете волумен на пунџата. За да обликувате „крофна“, со ножица отсечете го делот од чорапот кај прстите и намотајте го. Колку подебел е чорапот, толку поголема пунџа ќе добиете.

Лежерна пунџа со помош на чорап

Лежерна пунџа со плетенка околу неа

Елегантна пунџа со француска плетенка

Елегантна ниска пунџа со чорап

За пунџата да изгледа елегантно и уредно, треба да бидете повнимателни и секое праменче од косата да го прицврстите на соодветното место со шноли. Погледнете:

Дополнителен совет

Искористете неколку чорапи за да направите подебела „крофна“, што во превод значи и поголема пунџа. Најдобро е да користите чорапи во боја слична на бојата на вашата коса за да не паѓаат в очи во случај да ѕирнат низ косата.

Комплексна плетенка со 5 прамени

Плетенките направија спектакуларен камбек и ги инспирираа дури и најголемите нивни противнички да ги прифатат и да ги вметнат во својот стил. Од наједноставни до најнеобични, плетенките продолжуваат да ги охрабруваат претставничките на понежниот пол да експериментираат со нови и нови плетки.

Обожавате предизвици? Прифатете го предизвикот плетенка со 5 прамени и ќе го распламтите љубопитството на сопствениците на примамените љубопитни погледи.

Креативна плетенка со лента

Украсете ја вашата плетенка со лента за уште повеќе да ја разиграте вашата фризура. Ако не сакате премногу разигран изглед, искористете лента во црна или беж боја, во зависност од бојата на вашата коса. Иако на почетокот можеби ќе ви изгледа комплицирано, по само неколку обиди ќе се уверите дека плетењето воопшто не е тешко.

Ретро плетенки

Различните техники на плетење на косата неспорно ќе направат да изгледате тренди во текот на претстојните пролетни и летни денови. Ретро плетенките се романтични и женствени, па лесно ќе пронајдат место во вашиот секојдневен стил, без оглед на приликата.

Плетен „твист“

Посакувате елегантна, но забавна фризура? Соберете ја вашата коса на тилот на главата со вешто вртење на прамените. Со оваа фризура косата придобива интересна сложена текстура, па изгледа како да сте си ја правеле фризурата минимум половина час, а всушност одзема само неколку минути од вашето време.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19668 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.