Сува коса

Сувата коса е крута, без сјај, лесно се кине, врвовите на влакната брзо расцветуваат и често наликуваат на слама. Освен тоа сувата коса може да предизвика и првут.

Сува коса
Сувата коса е крута, без сјај, лесно се кине, врвовите на влакната брзо расцветуваат и често наликуваат на слама.

Пред да се разочарате поради овие проблеми, продолжете да читате за да дознаете што влијае врз вашата коса за таа да изгледа сува и како да ја негувате.

Што ја прави косата сува?

Сувата коса може да биде наследна или да биде резултат од надворешни фактори како силни хемикалии, бојадисување, често исправување или виткање на косата со преса, хлорот во базените, предолго изложување на сонце и сл. Затоа обидете се да ги елиминирате овие штетни влијанија.

Совети за нега на сувата коса

  1. Не претерувајте со шампонот. Честото миење на косата со шампон може да е причината за тоа што вашата коса е сува. Многу луѓе веруваат дека само премногу чистата коса е здрава и убава и поради тоа ја мијат еднаш или два пати дневно. Но, многу често шампоните содржат силни хемикалии кои што ги одземаат природните масла на косата и премногу го сушат влакното.
  2. Бидете нежни. Сувата коса е најсклона кон кинење, па затоа треба да бидете внимателни. Додека ја миете со шампон бидете нежни и не ја тргајте силно за да ја расплетете. Не ги употребувајте ноктите додека го миете скалпот. Масирајте го скалпот само со помош на врвовите на прстите.
  3. Чешлање на косата
    Чешлајте ја косата помалку, затоа што прекумерното чешлање ја прави послаба и полесно се кине.
    Употребувајте регенератор. На сувата коса очајно и е потребен регенератор. Купувајте производи кои што содржат многу малку или воопшто не содржат алкохол. Алкохолот дополнително ја суши косата и поради тоа треба да се избегнува неговата употреба. Најчесто регенераторите со многу нежна арома или регенераторите без мирис, имаат најмалку алкохол во нивниот состав.
  4. Чешлајте ја помалку. И покрај тоа што повеќето луѓе сметаат дека колку повеќе ја чешлаат косата таа ќе биде поубава, прекумерното чешлање ја прави косата по слаба и полесно се кине. Секогаш чешлајте ја косата внимателно и никогаш кога е влажна. Изберете си убава четка за коса.
  5. Правете си масажа на скалпот. Еден од начините да ги стимулирате масните жлезди на скалпот е да го масирате додека ја миете косата со шампон. Масирајте внимателно со врвовите на прстите.
  6. Избегнувајте го жешкото. Носете капа ако се изложувате подолго на сонце. Исправувањето и виткањето на косата со преса или фигаро дополнително ја суши косата. Избегнувајте ги колку што можете. Сушете ја косата со фен на најниска температура. Држете го фенот на растојание од 15cm од вашата коса. Никогаш не се задржувајте на еден прамен подолго од 15 секунди.

Домашна нега на сувата коса

За да ја негувате вашата сува коса не треба да заминете подалеку од вашата кујна. Еве неколку совети како да ја искористите храната, за да заблеска вашата коса.

  • Оцет. Оцетот може да ѝ помогне на сувата коса на неколку начини. Тој е одличен како регенератор, затоа што ја прави косата посјајна. За целта искористете една супена лажица оцет додека ја миете косата.
    Оцетот помага и во отстранувањето на првутот – масирајте го скалпот со оцет неколку пати неделно пред да ја миете косата. Можете да додадете ¼ чаша оцет во леген со вода и да ја потопите косата во него.
  • Авокадо и банана. Смешајте испасирани авокадо и банана и нанесете ја смесата на косата. Оставете ја да дејствува 1 час и измијте ја косата со топла вода.
  • Пиво. Откако ќе ја измиете косата, навлажнете ја или испрскајте ја со пиво. Тоа ќе ѝ даде убав сјај.
  • Јајца. Јајцата се одлични за нега на сува коса. Смешајте 3 јајца со две супени лажици маслиново масло и рамномерно нанесете ја смесата на косата. Ставете си најлонска капа и оставете ја смесата да делува 30 минути. Потоа измијте ја косата со шампон.
  • Мајонез. Нанесете на косата една супена лажица мајонез и поставете ја косата во најлонска капа. Почекајте 30 минути и измијте ја темелно со шампон.
  • Маслиново или кокосово масло. Намачкајте го скалпот со маслиново или кокосово масло, ставете најлонска капа и оставете го да делува во текот на ноќта. Наутро измијте ја косата со шампон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.