Почетна » Семејство » Дете » Проблемите со спиењето кај малите деца

Проблемите со спиењето кај малите деца

Еден од најчестите проблеми, за кој родителите бараат стручна помош е проблемот со спиењето. Малите деца многу често се будат во текот на ноќта или се разбудуваат премногу рано наутро. За да ги избегнете непријатните проблеми со спиењето на вашето дете, подолу се дадени некои соодветни совети.

Мало девојче пред спиење.
Будењето премногу рано наутро или во текот на ноќта се големи проблеми со спиењето кај малите деца.
  1. Разбудување премногу рано наутро.
    • Употребувајте подебели завеси на прозорците во детската соба, за да биде потемно наутро.
    • Ставете му безбедни играчки во креветчето, за кога ќе стане да може тивко да си игра, додека не ги слушне другите членови од семејството дека се будат.
    • Играјте поручек или рано во вечерта, за да биде поуморено и да може веднаш да заспие.
    • Децата кои стануваат порано, преспиваат порано во текот на денот. Одложувајте ја неговата дневна дремка секој ден по 15-30 минути, додека не биде 1-2 часа подоцна, отколку што е сега. Така тоа ќе свикне да станува покасно.
    • Ако вашето дете е ранобудно по природа, бидете трпеливи. Кога ќе започне да оди во градинка или училиште, ќе спие подолго.
  2. Будење во текот на ноќта.
    • Ако секогаш го лулате и му пеете додека го заспивате, кога ќе се разбуди во текот на ноќта, ќе му е потешко да заспие само.
    • Кога ќе влезете во собата за да го приспиете, не ги палете светлата и зборувајте му со нежен глас.
    • Обидете се дознаете што е причината за неговото будење? Дали е настинато или му растат запчињата? Можеби има проблем со пелените или му е ладно. Разберете дека неговото будење е нормално и решете го проблемот без лутина.
    • Понекогаш вашето малечко има потреба да провери дали навистина сте во близина. Одете до него, бакнете го и тивко заминете.
  3. Никогаш не е изморено.
    • Ќе му помогнете на вашето дете да си легнува во соодветно време, ако воспоставите предвидлива дневна рутина. Ставајте го да спие секој ден во истото време.
    • Не му дозволувајте да биде превозбудено пред спиење и осигурајте се дека нема гасови.
    • Ставете му играчки и книги за да може да си игра во креветчето.
    • Скратете ги дневните дремки, особено после ручек, но не настојувајте ако е очигледно дека на вашето дете му треба сон.
    • Обезбедете му услови за интересни дневни физички активности.
  4. Страв од чудовишта.
    • Никогаш не треба да му се смеете или да го игнорирате стравот на вашето дете.
    • Обезбедете му слаб извор на светлина ако тоа се плаши од темнината.
    • Движете се околу неговата соба за да може да слушне дека сте во близина.
    • Оставете ги неговите меки омилени играчки во неговото креветче.
    • Никогаш не треба да го казнувате или да му викате на детето во неговата соба, затоа што тоа кога ќе остане само ќе се плаши и собата нема да му изгледа како безбедно место.
    • Предложете му да сонува пријатни соништа, како посета на плажа.
    • Покажувајте му многу љубов во текот на денот за да се чувствува безбедно навечер.

Еве и неколку совети, кои ќе ви помогнат да воспоставите здрави навики за спиење и вашето малечко да има удобен и мирен сон.

Девојче што спие.
Создадете услови за вашето малечко да има удобен и мирен сон.
  1. Воспоставете едноставна рутина за легнување – пример вечерање-капење-спиење.
  2. Дајте му време да се смири. Ако прави врева откако сте го ставиле да спие, не се враќајте веднаш во собата, но не го оставајте премногу долго само да плаче.
  3. Некои деца заспиваат побрзо ако сè е тивко, а други ако има нормална врева во домот, затоа што така знаат дека вие сте во близина.
  4. Бидете сигурни дека нема гасови, пред да го легнете за спиење.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.