Почетна » Семејство » Брак » Брак без секс

Брак без секс

Иако се вели дека љубовта, а не сексот, го одржува бракот, сексот е начин да ја искажете љубовта кон вашиот партнер и не треба да се исклучи од брачниот живот. Сепак, во светски рамки постојано се зголемува бројот на браковите без секс. Не се потребни истражувања за да заклучиме дека и во нашата држава ситуацијата е иста.

Жена со својот сопругСексуалната желба се менува во зависност од случувањата во животот на брачните партнери

Со текот на годините, поради најразлични причини, многу брачни парови ја губат желбата да бидат интимни како што биле порано. По дефиниција, бракот без секс не е брак во кој партнерите воопшто немаат секс, туку брак во којшто сексот не е редовен и се случува поретко од 10 пати годишно.

Во секој брак сексуалната желба се менува, паѓа или расте во зависност од тоа што се случува во животот на брачните партнери. Но, вистинските проблеми настануваат кога мажот и жената започнуваат да се чувствуваат оддалечени еден од друг и тоа трае долг период, се намалуваат или исчезнуваат сексуалните односи, а дополнително и целата интимност во нивниот брак.

Причини за исчезнувањето на сексот од бракот

Во многу случаи, сексот не исчезнува преку ноќ. Постојат многу различни причини поради кои сексот може да го снема од бракот, како:

  • динамичен живот, исполнет со многу обврски;
  • намалена желба за секс поради здравствени проблеми;
  • мали деца и немање на приватност;
  • депресија;
  • загуба на самодоверба поради физичкиот изглед;
  • немање на взаемна доверба и разбирање;
  • неверство;
  • отсуство на физичка привлечност кон партнерот;
  • финансиски или други проблеми во бракот.

Како да си помогнете?

Брачните парови кои се соочуваат со овој проблем често чувствуваат лутина и/или срам и не се обидуваат да побараат помош од нивните пријатели или пак од стручни лица. Најчесто ваквите бракови пропаѓаат, без разлика дали официјално ќе завршат со развод или не. Голем број на брачни партнери продолжуваат да живеат заедно затоа што сметаат дека е доцна да прават големи промени во животот и да се разделуваат или затоа што финансиски се зависни еден од друг.

Но, бракот без секс не е проблем кој нема свое решение, потребно е само партнерите да бидат подготвени да го пронајдат. А еве и неколку совети кои ќе ви дадат идеја од каде да започнете:

  • Не се обвинувајте еден со друг. Без разлика која е причината за вашиот проблем, никогаш не треба да започнете да се обвинувате еден со друг. Таквото однесување може да создаде одбивност и уште повеќе да ве оддалечи.
  • Научете да комуницирате ефективно. Комуникацијата е во основата на секоја врска и ако таа се наруши, проблемите ќе се трупаат и никогаш нема да бидат решени. Затоа, бидете отворени кон својот партнер. Воопшто не е срамно или страшно да седнете и да му кажете дека гледате голем проблем во вашиот сексуален живот. Разговорот водете го смирено и обидете се заедно да ги утврдите причините и начините за нивно отстранување.
  • Победете ја досадата. Монотонијата ја убива желбата за секс. Не може постојано да повторувате едно исто нешто и да очекувате различни резултати. Внесете повеќе разнообразие во вашиот живот. Одете сами на викенд, менувајте различни пози, купувајте почесто привлечна долна облека...
  • Повторно состанувајте се. Потсетете се како ви било кога за прв пат сте се запознале. Договарајте си состанок барем еднаш неделно и излегувајте заедно на вечера или на прошетка. Колку и да сте зафатени и да имате обврски, одделете си време само за вас.
  • Децата не треба да ви бидат изговор. Ако имате желба, можете да најдете време за да останете насамо. Доколку децата ви се мали, сигурно останувате барем 2 часа насамо со вашиот сопруг по нивното легнување. Искористете го тоа време за романтика и повеќе интимност. Еднаш неделно повикајте ја вашата мајка или свекрва да ги почува децата додека вие сте излезени со сопругот.
  • Покажете му колку сте привлечни. Често се случува со текот на годините жените да започнат да го занемаруваат својот изглед, па мажите губат интерес. Негувајте се и дотерувајте се за него. Тоа ќе го натера да ги „чува“ неговите погледи само за вас. Кога излегувате заедно, облечете го оној фустан во којшто сопругот секогаш сметал дека изгледате најубаво, направете си ја фризурата која тој најмногу ја сака, ставете од парфемот што тој ви го подарил...
  • Покажете му дека сè уште ве привлекува. Не е реткост мажите да започнат да ја губат самодовербата поради нивниот изглед. Зголемувањето на телесната тежина и губењето на косата можат да бидат причина тој да мисли дека веќе не го посакувате. Затоа, покажете повеќе страст и дајте му до знаење на вашиот сопруг дека имате желба да бидете интимни со него.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19668 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.