Џесика Алба присуствуваше на доделувањето на „Teen Choice Awards“. На манифестацијата, 35-годишната актерка им оддаде почит на лица кои ги загубиле своите животи од огнено оружје и испрати силна порака за ставање крај на вооруженото насилство.
На сцената, нејзе ѝ се придружија тинејџери кои преживеале вооружен напад, како и роднини на лица кои загинале од истрел од пиштол.
„Вечерва тука со мене е група храбри тинејџери, кои делат неверојатна врска. Тие се браќа, сестри, ќерки и членови на семејствата на последните жртви на вооружено насилство“ – вели Алба во видеото. „Денес ние стоиме заедно со овие тинејџери, обединети во нашиот повик за мир и ставање крај на ова насилство. Сега, повеќе отсекогаш, треба да застанеме, да почувствуваме и да се запрашаме што се случува“ – додава таа.
По говорот на Алба, на сцената настапи Ne-Yo со песната „What’s Going On“.
ВИДЕО:
На свеченоста, Алба носеше црна комбинација од David Koma и чантичка од M2malletier.







