Џесика Алба со необичен стајлинг привлекуваше погледи на ревијата на Валентино.
На модното шоу во Париз, привлечната актерка се појави облечена во сина широка кошула и проѕирно црвено здолниште.







Пред ревијата, Алба се фотографираше со основачот на брендот, Валентино Гаравани.

35-годишната актерка и бизнисменка сподели и фотографија од подготовките за ревијата и кратко видео од нејзината авантура во Париз.

