Џенифер Лопез и близнаците Ема и Макс го поддржаа Марк Антони на неговиот концерт во Њујорк. 47-годишната пејачка му се придружи на сцената на 47-годишниот поранешен сопруг, додека нивните две деца ги следеа од публиката.
Популарните музичари го изведоа својот голем хит „No Me Ames“.
ВИДЕО:
Зад сцената, Лопез и 8-годишните Ема и Макс се фотографираа со Антони и неговата сегашна сопруга Шенон Де Лима.
Без разлика на пригодата, Џеј Ло секогаш изгледа беспрекорно. За концертот, таа избра црна блескава креација со висок шлиц и длабоко деколте.
Лопез и Антони стапија во брак во 2004 година, а се разделија во 2011 година. Нивниот развод се финализира во јуни 2014 година, со што Џенифер доби старателство над двете нивни деца.
Лопез беше фотографирана и во краток комбинезон пред почетокот на концертот.