Џенифер Лопез посветено вежба и внимава на исхраната, а тоа видливо се одразува позитивно на нејзината фигура. Иако е на чекор од 50-тата година, славната пејачка и актерка изгледа фантастично.
Пред четири дена, таа и нејзиниот партнер Алекс Родригез го започнаа предизвикот „10 дена без шеќер и јаглехидрати“, а сега Лопез гордо ги покажа досегашните резултати со Instagram фотографија од рамниот и тониран стомак.
49-годишната ѕвезда беше фотографирана и додека се упатуваше кон фитнес сала во шарени хеланки и спортски градник.










