Излезе првиот трејлер за новиот филм на Џенифер Лопез. Во романтичната комедија „Second Act“, Џеј Ло глуми жена која ненамерно си создава лажен идентитет и добива работа од соништата.
И покрај тоа што нема диплома од факултет, таа цели да им покаже на сите што може да направи.
Во филмот глумат и Ванеса Хаџенс и Мајло Вентимилија.
Погледнете и фотографии од снимањето на филмот: