Љубовниот живот на Џенифер Лопез е будно следен од јавноста и секоја нејзина врска е ударна вест во забавните рубрики во медиумите.
47-годишната музичка ѕвезда зад себе има 3 брака, една свршувачка и повеќе неуспешни врски. Таа честопати ја спојува љубовта со музиката и за тоа ќе рече: „Ако ги слушнете моите албуми, тие отсекогаш биле за љубов. Секогаш сум пеела за љубов“.
Деновиве нејзината нова љубовна врска со Алекс Родригез беше жешка тема во медиумите, па да се вратиме наназад и да се потсетиме на сите нејзини љубовни партнери досега.
Дејвид Круз: 1984-1994
Првата долга врска на Џенифер Лопез беше со нејзината љубов од средношколските денови – Дејвид Круз. Тие започнаа да се состануваат во 1984 година, кога Лопез имаше само 15 години и беа во врска 10 години. Во 2004 година таа го нарече Круз „пријател кој веројатно ме познава подобро од кого било“.


Весли Снајпс: 1995
Откако раскина со Дејвид, Џеј Ло започна да се состанува со својот колега од филмот „Money Train“ Весли Снајпс. Токму со него, таа ја сними и првата секс сцена.



Охани Ноа: Во брак од 1997 до 1998
Џенифер Лопез се запозна со Кубанецот Охани Ноа во Мајами и во февруари 1997 година стапи во брак со него. За жал, нивниот брак не траеше долго и тие се разведоа во јануари следната година.





Томи Мотола: 1998
Кратко време по разводот на Тони Мотола и Мараја Кери, започнаа шпекулации дека Мотола се состанува со Џенифер Лопез. Нивната романса траеше многу кратко.




Шон Комбс (Пи Диди): 1999-2001
Соработката на Лопез и раперот Пи Диди за нејзиниот албум „On the 6“ роди нова романса меѓу популарните музичари. Парот се појави заедно на 42-рото по ред издание на доделувањето на музичките награди Греми. Лопез тогаш го носеше легендарниот зелен фустан од Версаче.




Крис Џад: Во брак од 2001 до 2003
Во 2001 година Џенифер Лопез стапи во брак со својот втор сопруг, танчарот Крис Џад. Парот се запозна во 2000 година на снимањето на спотот „Love Don’t Cost A Thing“. Нивната романса заврши девет месеци подоцна, кога таа започна да се состанува со актерот Бен Афлек, но постапката за развод беше финализирана дури во 2003 година.




Бен Афлек: 2002-2004
Лопез го запозна Афлек за време на снимањето на филмот „Gigli“ и започна да се состанува со него. По кратко време, славниот актер ѝ предложи брак на Џенифер. Нивната свршувачка траеше една и пол година, а свадбата беше откажана само неколку часа пред планираното време за започнување. Парот се раздели во јануари 2004 година.





Марк Антони: Во брак 2004-2011
Само пет месеци по раскинувањето на свршувачката со Бен Афлек, Лопез стапи во брак со латино ѕвездата Марк Антони во јуни 2004 година. Парот беше заедно седум години и ги има 9-годишните близнаци Макс и Ема. Музичките ѕвезди се разделија во 2011 година.









Каспер Смарт: 2011-2016
Во 2011 година Лопез започна да се состанува со 18 години помладиот танчар Каспер Смарт и редовно се појавуваа заедно на престижните музички манифестации. Тие ставија крај на својата романса во август минатата година.



Дрејк: 2016-2017
Џеј Ло и Дрејк поттикна шпекулации дека се заедно откако минатата година и двајцата споделија иста фотографија на која се прегрнуваат. Тие беа заедно на прославата за Нова година.


Алекс Родригез: 2017
Новиот славен пар за првпат беше фотографиран заедно на крајот на март годинава, а оттогаш Алекс и Џенифер уште неколку пати беа „уловени“ од папараците.



